Необјавена музика од Бијонсе била украдена од изнајмен автомобил пред турнејата „Каубој Картер“ во Атланта
Необјавена музика и снимки од пејачката Бијонсе беа украдени од возилата на нејзините соработници за време на турнејата „Каубој Картер“, потврди локалната полиција во Атланта. Грабежот се случил помалку од 48 часа пред почетокот на серијата од четири концерти на стадионот во Атланта, пренесува „Холивуд репортер“.
Препорачано
Според полицискиот извештај, крадците провалиле во изнајмен црн џип паркиран во гаража на пазарот на улицата Крок во вечерните часови.Кореографот Кристофер Грант и танчарката Диандра Блу ѝ кажале на полицијата дека го напуштиле возилото околу 20:09 часот, а по враќањето откриле дека прозорецот на багажникот е скршен и дека недостасуваат два куфери.
Грант изјавил дека куферите содржеле хард-дискови со личен и доверлив материјал за Бијонсе, вклучувајќи необјавена музика, снимки од проби за настапи во Атланта, како и сетови за минати и идни концерти.
Покрај музиката, од возилото биле украдени лични предмети, вклучувајќи дизајнерска облека, очила за сонце, лаптопи и слушалки. Полицијата ја користела апликацијата „Find My“ на телефон на Apple за да ги пронајде украдените слушалки, но точната локација не е објавена.
Истрагата е во тек, а полицијата сè уште не уапсила ниту еден осомничен.


