ВИДЕО: Свирежи за Азаренка на „Вимблдон“, одби да се ракува со Свитолина
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја совлада белоруската претставничка Викторија Азаренка после пресврт со 2:1 (2:6, 6:4, 7:6) во еден од највозбудливите мечеви на „Вимблдон“.
Препорачано
Во тај-брејкот на третиот сет славеше со 11:9 и така се пласираше во четвртфиналето на турнирот.
Украинката најави дека нема да се ракува со Азаренка, бидејќи доаѓа од „непријателска Белорусија“, како што тоа беше случај и на „Ролан Гарос“.
Инаку тогаш на турнирот „Ролан Гарос“ свирежи доби Свитолина бидејќи не сакаше да се ракува со Арина Сабаленка од Белорусија.
Epic. Elina ✨@ElinaSvitolina outlasts Victoria Azarenka in a rollercoaster three-set thriller to progress to the quarter-finals 2-6, 6-4, 7-6(9) ?#Wimbledon pic.twitter.com/vikVFGuTFj
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2023
Свитолина ја имаше поддршката од публиката во Лондон каде фановите повеќе навиваа за Украинката, а Азаренка беше испратена со свирежи бидејќи не се поздрави со победничката.
Свитолина за полуфинале на „Вимблдон“ ќе игра против најдобрата тенисерка моментно на планетата, Ига Швјонтек од Полска која со 6:7, 7:6 и 6:3 ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија.


