Фото: Christian Bridgwater / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Светнато тавче само со една состојка: Лесно го реши проблемот што ги мачи многу домаќинки

Инфлуенсерката Софи Луис откри едноставен трик на својот профил на Инстаграм за да спречи храната да се залепи за тавата.

Денес, речиси сите тави имаат премаз или заштитен слој однатре, што спречува храната да се залепи за време на пржењето, но овој слој се оштетува со текот на времето.

Едно од најлошите сценарија што може да ѝ се случи на домаќинка во кујната е храната што ја подготвувала со часови да се залепи за тавата. Потоа доаѓа макотрпниот напор за отстранување на храната, и конечно темелно миење, бидејќи триењето, се разбира, не се препорачува. За среќа, постои многу едноставно решение за овој проблем.

Софи Луис е инфлуенсерка и мајка која секојдневно објавува видеа на социјалната мрежа Инстаграм во кои покажува трикови за чистење. Овој пат таа откри ефикасно решение за да спречи храната да се залепи за тавата. Според неа, првото нешто што треба да направите е темелно да ја измиете тавата со детергент за миење садови.

Откако ќе ја исплакнете, добро избришете ја со сува, памучна крпа за да не остане ни капка вода – рече Софи.

Загрејте ја тавата на силен оган и кога ќе почне да чади, тргнете ја од шпоретот. Рамномерно распоредете околу две лажици сол на дното од тавата, или доволно за да го покриете дното со сол. Вратете ја тавата на жешката плоча и почекајте околу една минута. Потоа, темелно отстранете ги сите остатоци од сол со салфетка, а потоа вратете ја тавата на шпоретот и истурете го маслото. Кога маслото е жешко, тавата е подготвена за употреба и пржење храна.

На овој начин ќе создадете посебен заштитен слој на дното од тавата, благодарение на кој храната нема да се залепи и изгори.

 

@s_lou92 Frying pan hack if it sticks. #LiftLockPop #moneysavingtips #cleaninghacks #deepclean #cleaningaccount #fryingpan #fyp #foryou #tablesalt ♬ original sound – Sophie Louise

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот