ВИДЕО: Страшен нокдаун на јутјуберот Џејк Пол против некогашен УФЦ шампион!

Во шестата рунда Џејк Пол го нокаутираше Тајрон Вудли/Фото: instagram.com/jakepaul

Популарниот јутјубер и боксер Џејк Пол го нокаутираше поранешниот УФЦ шампион, Тајрон Вудли.

Пол веќе еднаш го совлада Вудли со судиска одлука, а сега тоа го направи на еден брутален начин.

Со еден силен удар во шестата рунда го испрати својот противник на подот, а судијата веднаш го прекина мечот.

Пол на тој начин докажа дека не е само јутјубер, туку и дека поседува сериозни вештини во светот на боксот и дека го сфаќа како сериозна професија.

Ова е веќе петта победа за него во кариерата во исто толку борби. На видео записот можете да го погледнете неговиот нокдаун против Вудли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот