Стинг / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Стинг нема да им го остави богатството на своите деца: „Да им кажеш дека не мора да работат е форма на злоупотреба“

Стинг повторно јавно порача дека неговите шест деца нема да го наследат неговото огромно богатство, објаснувајќи дека сака сами да си го изградат животот и кариерата.

Во интервју за утринската програма на Си-би-ес, 74-годишниот музичар низ смеа потврди дека и понатаму стои зад ставот што првпат го изнесе уште во 2014 година.

„Да им кажете на децата дека не мора да работат е форма на злоупотреба за која се надевам дека никогаш нема да бидам виновен“, изјави Стинг, чие вистинско име е Гордон Метју Томас Самнер.

Тој истакна дека сите негови деца имаат силна работна етика и дека отсекогаш ги учел самостојно да се снаоѓаат.

„Им велев: ‘Луѓе, мора да работите. Јас ги трошам нашите пари. Ви плаќам образование, имате чевли на нозете – одете и работете’“, раскажа музичарот.

Стинг смета дека во тоа нема суровост, туку доверба дека неговите деца ќе успеат сами.

„Тоа не е сурово. Има добрина во тоа и верба дека ќе си го пронајдат својот пат. Моите деца се силни“, додаде тој.

На прашањето дали неговите деца некогаш се лутат поради ваквиот став, музичарот одговори низ шега: „Не, барем не пред мене.“

Пејачот уште во 2014 година изјави дека не сака да им остава фондови што би им станале „товар околу вратот“, нагласувајќи дека успехот треба да го постигнат со сопствен труд.

Иако не планира да им остави цело богатство, Стинг признава дека секогаш би им помогнал доколку навистина западнат во проблеми.

Музичарот има шест деца од двата брака – со актерката Франсис Томелти и со сопругата Труди Стајлер, со која е во брак повеќе од три децении.

Поранешните членови на бендот „Полис“ го тужат Стинг: Бараат надомест од милиони долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот