ВИДЕО: Стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид не престанува да воодушевува
Стадионот на Реал Мадрид со новиот изглед го остава без здив секој посетител, а за импресивната реконструкција на „Сантјаго Бернабеу“ беа потребни огромни 575 милиони евра.
Препорачано
Во саботата Реал Мадрид го победи Хетафе со 2:1 на новореновираниот Сантјаго Бернабеу, во четвртото коло од шпанската Ла Лига. По оваа средба, кралскиот клуб на својата веб-страница објави неверојатен видео материјал.
На почетокот на 2019 година, Реал Мадрид започна со реновирање на својот стадион, со цел Сантјаго Бернабеу да стане модерна спортска арена, што на крајот беше остварено.
Иако реновирањето се одвиваше со задоцнување, можеме да се заклучи дека кралскиот клуб сега е сопственик на еден од најнапредните стадиони на глобално ниво, за кој се вложени ни помалку ни повеќе туку 575 милиони евра.
Покрај тоа што стадионот доби нов покрив и атрактивна надворешност со импресивна архитектура, Сантјаго Бернабеу сега има и иновативен подвижен терен што овозможува отстранување на тревникот кога нема фудбалски натпревари, што ја олеснува адаптацијата за различни намени, како натпревари од кошаркарската Евролига, концерти и слични настани.
The inner workings of the new Santiago Bernabeu are incredible ??
(via @realmadrid) pic.twitter.com/q5lEpOfFXj
— ESPN FC (@ESPNFC) September 5, 2023


