ВИДЕО: Со факели и македонски знамиња, европскиот шампион Иџе прослави како Ѓоковиќ

фото: принтскрин/instagram.com/igor_stefanovski_idze

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски годинава успеа по третпат да се закити со титулата европски шампион на ридско-брзински патеки.

Овој голем успех Стефановски го оствари оваа сезона со седум победи од 10 трки, или вкупно 229 поени на врвот.

Потсетување дека за Иџе ова е трета европска титула на Европскиот шампионат, претходните две ги освои во 2014 и 2015 година.

Последната трка сезонава се возеше на „Бузетски дани“ во Хрватска, и по првите места на двете трки, Стефановски ја прослави титулата.

На видео записот можете да погледнете како се славеше со факели и македонски знамиња. Иџе воедно го прослави шампионскиот момент со „спуштена слушалка“ во стилот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (на „УС Опен“) и неговата победа против Американецот Бен Шелтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот