БРАВО ИЏЕ: „Летечкиот“ Македонец Игор Стефановски по третпат е европски шампион на ридски патеки
Игор Стефановски – Иџе денеска успеа да се закити со третата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки.
Препорачано
Ова е трета титула во кариерата за „Летечкиот“ Македонец во ова натпреварување, претходните две ги освојуваше во 2014 и 2015 година.
– Трикратен Европски Шампион, за мојата Македонија, за мојот народ, 2014/2015/2023. Бидете горди, испишавме нова историја – објави Стефановски на социјалните мрежи.
Последната трка сезонава за возеше во Хрватска, на „Бузетски дани“ на која и годинава нашиот автомобилист, организирано, имаше голема поддршка од македонските навивачи.
Во саботата Иџе на првиот тренинг со својот „Хјундаи и30 ТЦР“ беше првопласиран со време од 2:37.409.


Во рамките од групата „3“ првата трка исто така беше најдобар рекорд и повторно забележа нов рекорд. Неговото време беше 2:33.278, пред Италијанецот О`Плеј и Хрватт Вилиам Продан.
Стефановски доминираше и во рамките од втората трка (2:33.750), О`Плеј исто така се најде на второто место, а овојпат трет заврши Милован Весниќ од Србија.
Резултатите можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА


