Снеже Велков / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Снеже Велков се отвори: „Бев одбивана поради изгледот“

Снеже Велков искрено призна дека била одбивана поради својот изглед, бидејќи за некои луѓе не била доволно сексапилна.

Познатата македонска водителка во интервју за „Хајп“ прозборе за притисоците на модерното општество околу изгледот, стареењето и зошто одлучно вели „не“ на пластичните операции. Со својот препознатлив став, таа ја истакна важноста на самодовербата.

„Не сум ставила досега големи гради, ниту ќе ставам. Доцна ми е, извинете. Сега да ставам гради на 45 години – за толку малку? Значи, нема, ми помина времето. И на 70 што ќе правам? За 25 години не ми требаат филери. Гради никогаш не би ставила“, рече водителката на емисијата „Нешто конкретно“.

Иако е свесна за промените што ги носи времето, таа сака повеќе да се фокусира на психичкото здравје.

„Јас се плашам од игли, генерално. Сè уште ниту тоа не сум го направила. Но, не знам што ќе ми се случи – знаете, по 45-тата доаѓа климакс, бранови, не знам што сè ќе се случи дотогаш. Додека можам, ќе се држам до ова и додека ми е здрав умот“, објасни Снеже.

Водителката смета дека жените треба да бидат свесни за своите години и да не се обидуваат да бидат нешто што не се.

„Мислам дека е многу важно жените да бидат здрави во умот и да бидат свесни за тоа кои се и што се, да не се прават нешто што не се. Не можеме да се подмладиме. Јас не можам да изгледам како 25-годишна девојка, ниту треба, и не треба да се однесувам така. Никако не го прифаќам она дека ‘40-тите се новите 20-ти’. Ајде, те молам! Тоа никогаш не е така, ниту ќе биде. На 20 години немав никакви одговорности, немав ниту семејство зад себе, немав ниту пријатели, немав ниту проекти зад себе. А на 40 години ги имам и не можам да се однесувам како на 20 години. Така што, тоа за мене не вреди.“

Снеже откри дека нејзиниот изглед понекогаш бил бариера во професионалниот свет.

„Помогнал таму каде што треба, одмогнал таму каде што треба, затоа што сум била одбиена поради мојот изглед. Се случило да ми кажат: ‘Па, не си доволно секси’… Па добро што не сум – има некаде каде што треба да има памет, а не сексапил“, рече водителката.

Наместо деколтето, таа ги истакнува своите природни атрибути.

„Јас секогаш велам, сите знаат дека имам сини очи. Да имав деколте, никој немаше да знае дека имам сини очи. Тоа е тоа, ме разбираш? Снеже со сините очи или со дупчињата. Така сум со години, со долгата коса. И фала му на Бога, добро е“, рече Снеже, па се пошегува и за својата коса:

„Јас сум од тие кои мислат дека силата ми е во косата. И еве, можеби некакво суеверие – ако ја скратам косата, си мислам дека паметот ќе ми отиде. Не знам зошто, ама ете, така си се држам до долгата коса.“

Интервју со Снеже Велков, водителка: Си ја сакам секоја нова бројка што ја додавам на роденденската торта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот