ВИДЕО | Славниот пар среде скандал: Осудениот Дени Мастерсон се обложил со Ештон Качер да ја бакне 14-годишната Мила Кунис

Фото: Profimedia

Во едно интервју од 2002 година, Мила Кунис тврди дека нејзиниот колега Дени Мастерсон се обложил со Ештон Качер и го предизвикал да ја бакне тогаш 14-годишната актерка, за време на снимањето на хумористичната серија „That 70s Show“. Контроверзната снимка на 45-годишниот Качер и 40-годишната Кунис е од заедничко интервју во ток-шоуто на Рози О’Донел.

Споменатото видео стана актуелно на социјалните медиуми, по писмата што Мила Кунис и Ештон Качер, наводно, ги испратиле до судијката Шарлејн Олмедо, пред да биде донесена пресудата за нивниот колега од познатиот ситком.

Имено, во споменатите писма, тие ја опишале нивната длабока наклонетост и пријателство со Мастерсон и зборувале во негова корист. Патем, Мастерсон е обвинет за силување на две жени пред две децении и е осуден на 30 години затвор.

Вилмер Валдерама, Ештон Качер, Мила Кунис и Дени Мастерсон / Фото: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во времето на интервјуто, Качер имал 24, а Кунис 19 години. Младиот пар разговарал со О’Донел за тоа дека, според сценариото, нивните ликови требало да се „бакнуваат пред камера“. Качер веднаш реагирал инстинктивно и истакнал дека бакнежот меѓу него и Кунис би бил „малку нелегален“, со оглед на тоа што таа имала само 14 години во тој период.

Во таа прилика, Кунис изјавила дека тој бакнеж би бил, всушност, нејзиниот прв бакнеж, а тоа се случило во текот на првата недела од снимањето на популарната серија.

„Дотогаш немав бакнато дечко… Имав само 14 години и бев многу исплашена“, изјавила Кунис.

Дени Мастерсон со актерската екипа на „That 70s Show“ / Фото: 20TH CENTURY FOX – Album / Album / Profimedia

Потоа, Качер објаснил дека Мастерсон му понудил 10 долари за да ја бакне Кунис, пишува „Дејли мејл“.

Качер раскажал дека Кунис му дала до знаење дека тоа го сметала за развратно, а тој признал дека тој и Мастерсон „навистина се обложиле за бакнежот“.

Потоа, Мастерсон му понудил 20 долари дека „нема да го направи тоа“, а Качер му рекол дека ќе ја бакне, истакнувајќи дека тоа е во согласност со она што го барало сценариото од него.

„И тогаш се појави полиција и те уапсија, тоа е крајот на приказната“, го прекинала водителката, шегувајќи се.

Сепак, Кунис инсистирала дека „не му дозволила да ја бакне“ и истакнала дека тој „никогаш не го ставил јазикот во нејзината уста“.

Дополнително, Качер изјавил дека, всушност, мислел дека Кунис во тоа време имала 15 години, додавајќи дека „една година го менува целиот свет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот