ВИДЕО | Слатко изненадување: Мал був се сокрил во новогодишната елка на едно семејство

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Едно американско семејство во Кентаки имало слатко изненадување кога откриле дека мал був е сокриен на нивната новогодишна елка. Малата птица била незабележана дури четири дена, пишува „Би-би-си“.

Во домот на семејството работел чистач на теписи кој забележал дека нешто шушка на дрвото. Семејството било шокирано од откривањето на малиот був и на почетокот мислеле дека се работи за некаква шега.

Сопственичката на домот Мишел Вајт раскажа дека поминала часови украсувајќи го дрвото – кое семејството го избира заедно секоја година и воопшто не забележала дека бувот е сокриен таму.

Ако чистачот на теписи Боби Хејс не ја забележал малата птица, таа можеби сè уште ќе била во дневната соба на семејството, криејќи се меѓу густите гранки на дрвото.

„Бев шокирана. Бев толку запрепастена. Мислев дека се работи за плишано животно или украс, па веднаш му се јавив на Боби и го прашав ‘се шегуваш, нели?’“, изјави Мишел.

Откако го пронашол бувот, Хејс го пуштил на слобода во семејниот двор полн со дрва. Ќерката на Мишел, Медлин, веднаш го споделила видеото со нивното интересно откритие на социјалниот медиум ТикТок.

Видеото предизвикало реакции, па многумина коментирале со слични приказни за наоѓање верверички, опосуми, па дури и лилјаци во нивните новогодишни елки.

Во чест на нивниот поранешен гостин, Мишел- која знае да плете – рекла дека ќе исплете украсво форма на був, како декорација за нивната елка.

Во продолжение погледнете го видеото од бувот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот