ВИДЕО | Скандал на „Местаља“: Судијата свиреше крај на мечот среде гол на Реал против Валенсија

Фудбалерите на Реал Мадрид протестираа на судиската одлука по поништениот гол/фото: EPA-EFE/Biel Alino

Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа против Валенсија на стадионот „Местаља“ со резултат 2:2 во рамките од 27 коло во „Ла Лига“.

По првото полувреме водеше домаќинот со 2:1, стекна предност по головите на Дуро и Јаремчук во 27 и 30 минута, а непосредно пред паузата „кралевите“ намалија преку Винисиус Жуниор.

Винисиус Жуниор во 76 минута донесе израмнување по асистенцијата на Дијаз.

Играчите на Карло Анчелоти со сите сили напаѓаа за целосен пресврт и триумф на овој меч.

Успеаја фудбалерите на Реал да постигнат гол, но крајно изненадувачки за нив истиот не се призна, односно главниот судија Ј. Манзано досуди крај во моментите кога топката влегуваше во домашната мрежа.

Следуваше бура од реакции од фудбалерите на Реал, најгласен од нив беше Белингам кој едноставно не можеше да се помири со судиската одлука и доби црвен картон.

На табелата Реал Мадрид е на врвот со 66 бодови, седум повеќе од второпласираната Жирона која својот меч ќе го има в недела на гости против Мајорка. Валенсија е на деветтата позиција со 37 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот