ВИДЕО: Швеѓаните се жалат до ЕХФ, Начевски и Николов требаше да го поништат голот на Пранди?!

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Репрезентацијата на Франција обезбеди пласман во финалето на Европското ракометно првенство откако по продолженијата ја совлада Шведска.

Доста интересен натпревар видовме во „Ланксес Арената“ во Келн кој го судеа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија.

Пред мечот да оди во продолженија, при водство на Шведска од 27:26, беше досуден деветерец за Французите на истекот од 60 минута.

Елоим Пранди го постигна еден од најсензационалните голови во историјата на ракометот.

По завршувањето на мечот Шведска испрати жалба до Европската ракометна федерација (ЕХФ) сметајќи дека голот на Пранди не е регуларен.

На снимката според Швеѓаните францускиот репрезентативец откако ја мрдна десната нога, ја мрдна и левата пред да упати удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот