ВИДЕО | Шурбановски: Редно е веќе да се легализира радиото Канал 103, кое 30 години промовира прогресивна музика и култура

Незвисното музичко радио Канал 103 одлучи триесетгодишнината од своето постоење да ја одбележи со силен и гласен молк кој што опоменува. Онлајн програмата на ова радио беше прекината на 24 часа во знак на протест.

„Некои вредности во општеството се чини дека се заборавени, игнорирани и ставени под тепих и крајно време е да се соочиме со тие проблеми и да ги решиме. Ова е вистинска прилика да се потсетиме што е Стротројка, кое е нејзиното значење, дали има смисла нејзиното значење на ФМ етерот и ако е тоа така, да го официјализираме тоа и да го легализираме ова радио кое што на многу чуден начин, се наоѓа во зградата на јавниот сервис, а наводно нелегално емитува програма. Се работи за еден сплет на надлежни институции, кои и самите не знаат кој е надлежен но убаво си ја префрлаат одговорноста и никако еден да пресече. Она за што ние се залагаме е официјализирање, легализација и се разбира, да ни се врати фреквенцијата, бидејќи иимето „Стотројка“, Канал 103 се врзува за сто третата фреквенција и нема никаква смисла да не постои како таква. Меѓутоа од друга страна, ние бараме ако не се реши ова, почесно е да не’ исклучат, почесно е да не’ избркаат од таа зграда и да ни речат: вие дечки веќе не сте интересни, она што го работите не е добро и не е значајно за општеството и да ја завршиме оваа приказна. Работата е или -или. Во комуникација со владата и со директорот, беше договорено Советот на МРТВ да донесе одлука за нов програмски сервис, но во последен момент работата се закочи, тие отстапија од таа одлука и рекоа „ние не сме надлежни“ затоа што членот во законот кој им го даваше тоа право во меѓувреме се промени тоа и со најновите измени на законот од пред година и пол и веќе не е јасно кој е надлежен.

Познат факт е дека радиото Канал 103 е авангарден медиум. Бендови како Архангел, САФ, Чиста околина, Беи д’ фиш, Фолтинпрво се пуштаа и вртеа долго време на Стотројка пред да станат популарни и да станат дел од мејнстримот на македонската музика. Ова радио потегна и многу други теми за кои зборуваше многу време пред за нив да говорат другите медиуми: човекови права, родовата еднаквост, правата на ЛГБТ зедницата, екологија, полициска бруталност, теми за кои требаше да поминат многу години за да може да се говори за нив на другите медиуми. Знаете, во деведесеттите години не можеше секој да критикува, сега секоја будала го критикува системот и власта, тоа веќе не е интересно, нашата субверзивност и нашиот отпор ги префрливме на музиката и се занимаваме со култура, што на денешно време, само по себе е субверзивно“, вели за Утрински брифинг, Костадин Шурбановски Шурбе, долгогодишен член на радиото Канал 103.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот