ВИДЕО: Шоу на Чурлинов, гол и две асистенции во триумфот над Валенсија

Дарко Чурлинов од следната сезона ќе игра во англискиот Чемпионшип/Фото: instagram.com/churlinov7

Во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипата на Штутгарт со 5:2 ја совлада Валенсија.

Во првото полувреме водеа Германците од 16 минута со голот на Томас, а по половина час игра Шпанците израмнија преку Маркос Андре. Непосредно пред паузата, Томас со својот втор погодок (44`) на средбата ја врати предноста на бундеслигашот.

Дарко Чурлинов играше во второто полувреме во кое покажа дека ќе биде еден од клучните играчи во составот на Пелегрино Матарацо во новата натпреварувачка сезона.

Македонскиот репрезентативец најпрвин ја запиша првата асистенција за 3:1 веднаш по неговото влегување во 46 минута, стрелец беше Силас.

Валенсија намали на 3:2 во 55 минута преку Маркос Андрес, а Чурлинов ја забележа и втората асистенција за 4:2, овојпат погодокот беше дело на Переа.

Конечниот епилог го постави Чурлинов кој им избега на противничките дефанзивци, избегна офсајд позиција, го издрибла и противничкиот голман за 5:2 во 90 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот