ВИДЕО | Шокантни откритија за труењето на Навални и бугарскиот производител на оружје Емилијан Гебрев: Меѓу овие руски агенти е и обвинетиот за дестабилизација на Црна Гора пред влезот во НАТО

Русија сè уште негира вмешаност во инцидентот со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој веќе одамна е окарактеризиран како најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО)

Наградуваната група од истражувачки волонтери од тимот на Белингкат заедно со новинарите од Си-Ен-Ен, Инсајдер и германскиот Шпигел откри дека труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални биле вовлечени осум оперативци од таен оддел на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Извор: Белингкат

Тие дејствувале под прикрие на Институтот за криминалистика на службата. Според досегашните информации покрај труењето на Навални одговорни се и за труењето со Новичок на Сергеј и Јулија Скрипал во Велика Британија, како и за труењето на бугарскиот производител на оружје Емилијан Гебрев.

Во извештајот што е објавен денес се вели дека пред труењето на Навални на сибирскиот аеродром во Томск, опозиционерот успеал да се спаси од уште еден сличен обид за ликвидација во Калинград, но тогаш настрадала и неговата сопруга Јулија.

Навални, вториот пат, откако испи чај пред да полета на 20 август 2020 година успеа да се спаси благодарение на итното слетување на патничкиот авион на релација Томск-Москва по што веднаш беше пренесен во болница во Омск, а потоа неговото лекување продолжи во Берлин.

Руските власти сè уште не започнаа официјална истрага за неговото труење, но базирано на повеќе докази меѓу кои и метаподатоци, односно дигитални траги, истражувачите идентификуваа тројца оперативци на ФСБ од тајната единица кои патуваа заедно со Навални до Новосибирск. Истите го следеле во градот Томск каде што на крајот беше отруен. Овие оперативци, од кои двајца патувале под вистински идентитет, се Алексиј Александров (40), лекар кого Инсајдер го посочува како клучен оперативец кој учествувал во двата обиди за труење на Навални, Иван Осипов (44), лекар и Владимир Пањаев (40). На нив им помагале уште најмалку пет оперативци на ФСБ. Тие била во постојана комуникација во текот на целото патување, со ненадејни врвови на комуникација непосредно пред труењето, како и за време на ноќните часови (по московско време) кога Навални од хотелот каде што престојувал се упати кон аеродромот во Томск.

Според новинарите, се работи за Станислав Макшаков раководител во институтот „Сигнал“ во Москва каде се разработувал нервниот агенс, Олег Тајакин, постар член на групата за труење на Навални кој обично ги координирал дејствата на другите офцери, Константин Кудрјацев, Алексеј Кривошчеков и Михаил Швец.

Тимот на новинари овие лица ги нарекува „тимот за отрови на Русија“ на чие чело ги рангира прво Александар Бортников, директор на ФСБ и генерал-мајорот Владимир Богданов.

Во истрагата за труењето на Гебрев тимот на Шпигел, Инсајдер и Белингат откри дека во срцето на бугарската операција за труење исто така бил ангажиран тим од осум офицери на ГРУ. Тие сите биле од истата единица и патувале во Бугарија во текот на неколку недели околу обидот за труење. Се групирале по тројца и вклучувајќи го и генерал-мајор Денис Сергеев, беа присутни во Бугарија за време на обидите за труење.

Со нив, во текот на неколку месеци додека траеле подготовките за обидот за труење на Гебрев операцијата ја раководел и Владимир Моисеев алијас Владимир Попов кој е обвинет од Црна Гора за организирање на дестабилизацијата на земјата кон крајот на 2016 година пред нејзиното пристапување во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот