ВИДЕО | Шојгу: Ќе имаме нов Советски Сојуз, работите ќе бидат под контрола

Сергеј Шојгу/ Фото EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека сака да биде создаден нов Советски Сојуз.

Видеото кое се појави на социјалните мрежи, најпрво го сподели украинскиот дипломат Александар Шерба.

– Сето ова е само привремено. Работите повторно ќе бидат добри, како порано. Ќе имаме нов Советски Сојуз, голем и силен. Повторно ќе има мир. Ниту еден дел од поранешната Алијанса нема да остане сам, рече Шојгу.

На состанокот каде Шојгу ја даде изјавата, можат да се забележат уште неколку влијателни луѓе блиски до претседателот Владимир Путин, како Валери Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили.

Првиот човек на рускиот Совет за безбедност Патрушев и Министерот за одбрана Шојгу „избришани“ од најтесниот круг на Путин?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот