Првиот човек на рускиот Совет за безбедност Патрушев и Министерот за одбрана Шојгу „избришани“ од најтесниот круг на Путин?

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Иако со месеци се шпекулира за потреси на врвот на Кремљ, првиот човек на Русија, Владимир Путин, никогаш не ги коментираше наводите за промени во кругот на неговите најверни соработници, познати како „Силните“ („силовики“). Неформалната потврда дојде кога лидерот на Русија одржа состанок на Советот за безбедност, на кој забележливо отсуствуваа двајца функционери – министерот за одбрана Сергеј Шојгу и секретарот на Рускиот Совет за Безбедност Николај Патрушев.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу минатата недела отпатува за Истанбул, каде присуствуваше на церемонијата на потпишување на договорот за извоз на жито и деблокирање на украинските пристаништа. Тој го потпиша договорот, кој веднаш го привлече вниманието на светската јавност.

шојгу фото принтскрин јутјуб

Имено, покрај необичниот факт што министерот за одбрана потпишува договор за извоз на жито, бво исто време во Москва беше организиран состанок , чиј редовен учесник е Шојгу. Станува збор за седница на Советот за безбедност, кој го сочинуваат најблиските соработници на Владимир Путин. Во случајов Путин ј лично ги избрал учесниците на состанокот на кој овојпат отсуствуваа Шојгу и секретарот на тоа највисоко безбедносно тело Николај Патрушев.

Николај Патрушев фото: EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Што се однесува до министерот за одбрана, барем се знае каде беше на седницата, но не и зошто. Сепак, Кремљ се уште не го коментираше статусот на Николај Патрушев, како и зошто секретарот на Советот не бил поканет на седницата.

Наместо двајцата, на состанокот на највисоко ниво на доверливост пристигнаа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиненко и премиерот Михаил Мишустин.

Фото:ЕПА

Шојгу ставен под „мраз“ поради кавга со Путин?

Шојгу веќе неколку месеци е во многу заладени односи со Путин. Според некои информации, причина за лошите односи е фактот што Путин ја загубил довербата во некои своин соработници, особено од почетокот на војната во Украина. Еден од нив е Шојгу, член на групата позната во Москва како силовики – што во превод, значи „Силни“.

Во изминатиов период Шојгу малку беше присутен во јавноста, што не остана незабележано. Во март, министерот за одбрана „исчезна“ од јавниот и политички живот повеќе од две недели, во кои медиумите шпекулираа за влошените односи со Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тогаш изјави дека министерот за одбрана е фокусиран на тековната „воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.

Сепак, ова објаснување не беше доволно, па се слушнаа бројни теории за локацијата на Шојгу. Некои тврдеа дека е повлечен од јавноста поради кавга со Путин, некои дека сам побегнал во Сибир, а други дека доживеал срцев удар, поради што, наводно се опоравува во болница во Санкт Петербург.

Сергеј Шојгу / Фото: ЕПА

Ниту една од овие теории не беше потврдена, а Шојгу набрзо повторно се појави во касарната во близина на Москва. Сепак, една фотографија на која позира со војници не беше доволна за да ја убеди светската јавност дека во Кремљ „се е во најдобар ред“. Овојпат на Путин ќе му биде уште потешко да го објасни отсуството на министерот за одбрана на седницата на Советот за безбедност.

Николај Патрушев / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешниот КГБ шпион Петрушев главната „замена“ за Путин на претседателското место?

Во нешто подобра, но подеднакво неизвесна ситуација е актуелниот секретар на Советот за безбедност, Николај Патрушев – поранешен офицер на КГБ и шеф на руската разузнавачка служба ФСБ.

Путин и Патрушев се запознале во 1970-тите во Санкт Петербург, каде што ја започнале својата разузнавачка кариера. Нивните патишта се вкрстија во следните 50 години, а Патрушев секогаш имаше високи позиции во администрацијата на Путин.

За разлика од Шојгу, тој често јавно ја поддржува војната во Украина и му се заканува на „злобниот“ Запад.

Николај Петрушев и Путин Совет за безбедност фото:. EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Поради оваа причина, на многумина им беше необично тоа што тој отсуствува од важните состаноци и внатрешните кругови, но набрзо се појави објаснување.

Имено, во Москва токму Патрушев беше оценет како единствениот човек кој може да го замени Путин. Не е тајна дека тој со децении е еден од неговите главни советници и луѓе кои го обликуваат мислењето на првиот човек на Кремљ.

Сега се чини дека Патрушев веќе не сака да обликува од сенка, туку отворено да владее.

Иако Патрушев никогаш не зборуваше за своите намери и планови, самите гласини за човек кој, според елитата, има капацитет да го преземе кормилото, не наиде на позитивни реакции кај повеќедеценискиот претседател Путин.

Николај Патрушев Совет за безбедност фото:EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY / KREMLIN POOL

Во исто време, секретарот на Советот за безбедност го презеде водството во одбраната на руската енклава Калининград, заканувајќи се со „сериозна“ одмазда за блокирањето на транзитот низ Литванија поради санкциите наметнати од Европската унија.

Имајќи го предвид зголеменото присуство на Патрушев во јавноста, како и улогите што ги презема, јасно е дека Путин нема да биде среќен што постои перцепција дека тој е заменлив на лидерското место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот