ВИДЕО: Шева не можеше ништо против Милан, Елмас со 100 настапи за Наполи

„Наполитанците“ прокоцкаа два голови предност против Сасуоло/Реџо Емилија, Италија/1 декември 2021/Фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Денеска се одиграа уште два натпревари од 15 коло во најсилното италијанско првенство, Наполи ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (2:2), додека Милан ја оправда фаворитската улога против Џенова (0:3).

Немаше голови на стадионот во Реџо Емилија, а на стартот од вториот дел за гостите влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој по 100 пат го носеше дресот на „наполитанците“.

Играчите на Лучано Спалети за период од осум минути постигнаа два гола, преку Руиз и Мертенс, двапати асистираше Зиелински. Домаќините не се предаваа, најпрвин намалија во 71 минута со погодокот на Скамака, па нов егал на мечот донесе Ферари.

Спалети поради приговор доби црвен картон од главниот судија, а Сасуоло успеа да постигне уште еден гол, но истиот за среќа на гостите беше поништен.

Андриј Шевченко, тренерот на Џенова не можеше ништо против својот поранешен клуб Милан кој славеше со 0:3.

Предност за „росонерите“ донесе шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ кој имаше прекрасен гол од слободен удар во 10 минута. Во победата придонесе уште Бразилецот Месиас кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Претходно во оваа рунда Интер на домашен терен со 2:0 беше подобар од Специја, додека Болоња пред своите навивачи непријатно ја изненади Рома.

На табелата води Наполи со 36 бодови, еден повеќе од второпласираниот Милан, на третата позиција е Интер (34), а четвртопласирана е Аталанта (31).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот