ВИДЕО: „Проектилот“ на Ибрахимовиќ за водство на Милан во Џенова

Шести гол за Златан Ибрахимовиќ оваа сезона во Серија А/Џенова, Италиј/1 декември 2021/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

На натпреварот од 15. коло во италијанската Серија А во предност дојдоа „росонерите“ против екипата на Џенова.

Во 10. минута од средбата Милан стекна позитива преку фантастичниот погодок на Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот изведе прекрасен слободен удар и прецизно шутираше во мрежата на голманот Сиригу.

За Ибра ова е шести погодок сезонава во најсилното италијанско првенство за тимот од „Сан Сиро“.

Шведскиот интернационалец претходно стрелаше двапати против Фиорентина, и по еднаш на дуелите со Рома, Болоња и Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот