ВИДЕО: Шериф спречи дуел меѓу Црвена звезда и Динамо Загреб
Започнаа реванш натпреварите од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а први патници во плеј-офот се Шериф Тираспол и Ференцварош.
Препорачано
На првиот дуел во Белград ремизираа екипите на Црвена звезда и Шериф Тираспол (1:1), а на вечерашната возвратна пресметка во Молдавија славеше домаќинот со 1:0.
Единствениот погодок се случи непосредно пред паузата, Кастанеда изведе слободен удар, а највисоко скокна колумбискиот интернационалец Арболеда кој со глава ја испрати топката во мрежата на Борјан.
На тој начин Молдавците спречија голем екс ју двомеч помеѓу Црвена звезда и Динамо Загреб. Хрватите вечерва од 21.00 часот гостуваат во Полска кај Легија (1:1, прв натпревар).
Унгарскиот Ференцварош во Чешка ја одбрани предноста од 2:0 од првите 90 минути против Славија Прага. Чесите успеаја единствено да триумфираат со 1:0 со погодокот Масопуст во 36 минута, што не беше доволно за пласман во следната фаза.
Црвена звезда и Славија Прага го продолжуваат меѓународниот настап во плеј-офот на Лига Европа.
Vean aquí el gol de Arboleda, no de Castañeda, eso fue fallo mio por la emoción, Castañeda es quien asiste. ???? https://t.co/iW0IXBarGJ
— Fútbol Moldavo ?? (@FutbolMoldavo_) August 10, 2021


