Шер и Тина Тарнер/Принсскрин Јутуб
Шер и Тина Тарнер/Принтскрин Јутуб

ВИДЕО | Шер и Тина Тарнер се речиси исти како пред 40 години: Времето за нив не постои

Кралицата на поп музиката Шер, и кралицата на рокенролот, Тина Тарнер во далечната 1975 година имале свој заеднички настап кој стана вирален на социјалните мрежи, а никој не може да поверува дека овие две музички диви речиси и не се променети од тогаш до сега. Со оглед на времето кое е поминато, Шер тогаш имала 28 години, а Тина 35 години.

Она што ги фасцинираше сите е нивниот младолик изглед кој и ден денес е фасцинантен, но и енергичноста која ја демонстрираа на сцената, која и денес воопшто не им недостасува, иако имааат 75, односно 82 години.

Погледнете го виралното видео кое ги воодушеви фановите:

Видеото доби преку 60 илјади лајкови и безброј коментари, а она што многумина ги воодушеви, беше стилизираните фустани со реси. И двете изгледаат како божици, што беше и констатација на многумина во коментарите:

„Кажете ми каде да ги најдам овие фустани? „ Одлична е облеката, но може ли да посветиме внимание на целосниов настап? „ Погледнете ја само таа енергија“

Дизајнер на овие прекрасни фустани бил Боб Маки, кој своевремено работел за Витни Хјустон, Марлен Дитрих, Лајза Минели и многу други.

Фото: EPA/PAUL BUCK
Фото: EPA/STEFFEN SCHMIDT

Сите коментираа дека двете музички ѕвезди минимално се промениле во однос на седумдесетите, иако се поминати многу години од тогаш – очигледно е дека времето не им може ништо!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот