ВИДЕО | Шампионот беше преголем залак: Легендарниот Федор претепан во последната борба

Фото: Screenshot

Легендарниот Федор Емелијаненко имаше тежок испит во својата последна борба во кариерата и не помина онака како што посакуваше.

Ветеранот одлучи да се бори и на 46-годишна возраст и тоа против актуелниот шампион Рајан Бајдер кој покажа зошто е шампион. Борбата беше завршена во првата рунда, а Федор беше претепан од противникот.

Победата Бајдер ја најави со удар зад увото додека беа двајцата на нозе, но откако Федор падна во октагонот помладиот борец му зададе низа удари и судијата беше приморан да ја прекине борбата.

Оваа борба беше главна од Белатор 290 евентот и воедно значи крај на една голема кариера во ММА која траеше скоро 20 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот