Лукас Сепеда / Фото: Elche CF

ВИДЕО | Сепеда го совлада Димитриевски, Елче ја изненади Валенсија

Фудбалерите на Елче забележаа исклучително важна победа во битката за опстанок, совладувајќи ја Валенсија со минимални 1-0 во 31. коло од Ла Лига.

Тимот на Едер Сарабија стигна до три бода кои би можеле да имаат огромна тежина во завршницата од сезоната. Иако гостите имаа повеќе од поседот и иницијативата во одредени делови од мечот, не успеаја да ја претворат во конкретен резултат.

Првата посериозна закана ја имаше Валенсија преку Белтран, но неговиот удар заврши над голот. До паузата се играше претпазливо, со нешто поголема контрола на домаќините и малку вистински шанси.

Одлучувачкиот момент се случи во 73. минута, кога резервистот Лукас Сепеда веднаш по влегувањето во игра ја искористи асистенцијата на Фебас и го совлада Столе Димитриевски за единствениот погодок на натпреварот.

Со овој триумф, Елче се искачи над зоната за испаѓање, додека Севиља падна под линијата, а Валенсија останува на 14. место со 35 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот