ВИДЕО| Сè уште се слушаат силни детонации во Чачак

Раководителот на Секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека сега ситуацијата во Чачак е многу помирна.

Серија од силни моќни експлозии од правец на фабриката „Слобода“ го потресоа Чачак околу 1.30 часот и тие продолжија до раните утрински часови.

Раководителот на Секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека сега ситуацијата во Чачак е многу помирна.

– Поради согорувањето на сите овие супстанции во фабриката и црниот воздух што навива над Чачак, ќе се направи анализа на воздухот во наредниот период – рече Чаушиќ.

 

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека најважно е никој да не биде повреден во експлозијата во фабриката на наменската индустрија „Слобода“ во Чачак и дека сè што е уништено ќе се санира.

Граѓаните во близина на фабриката беа евакуирани, а некои ја поминаа ноќта во подрумот.

Жителите на Чачач велат дека на автомобилите може да се забележат траги од експлозијата, а прозорците на некои куќи биле скршени.

По тричасовна блокада на сообраќајот во околината на фабриката на наменската индустрија „Слобода“ во која синоќа се случија низа детонации, сообраќајот беше нормализиран, а само патот што водеше кон фабриката беше затворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот