Се урна мост во Белгија/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Се урна мост во Белгија, загина еден работник

Еден работник загина, а тројца се повредени при делумно уривање на мост во изградба во Ла Лувиер на автопатот Е42, кој се протега над канал, соопштија белгиските власти.

Несреќата се случила на мост на автопатот Е42 кој поминува низ канал во близина на градот Ла Лувиер во Белгија.

Градоначалникот Жак Гобер за новинската агенција Ројтерс изјави дека работник кој бил хоспитализиран во критична состојба им подлегнал на повредите. Тројца други колеги се повредени кога дел од челичниот мост се урна врз шлеп кој бил закотвен на местото за отстранување на остатоците.

Според белгиската агенција Белга, во моментот на уривањето на мостот работеле дванаесет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот