Фото: ЕПА

ВИДЕО | Се појавија снимки од апсењето на напаѓачот на вечерата на Трамп

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на Кол Томас Ален, 31-годишен Американец кој упадна во хотелот Хилтон во Вашингтон, за време на вечерата на дописниците од Белата куќа.

Откако ФБИ го претресе домот на осомничениот напаѓач во Торанс, Калифорнија, градоначалникот Џорџ Чен се огласи.

„Свесни сме за веста дека осомничениот е негов сограѓанин. Иако овој факт е длабоко вознемирувачки, наводните дејствија на една личност не ја дефинираат нашата заедница“, рече Чен. Тој нагласи дека градот силно се спротивставува на сите форми на политичко насилство и екстремизам.

ВИДЕО | Пукање на вечера на која бил Трамп – претседателот итно евакуиран, повреден таен агент

За потсетување, американските медиуми го идентификуваа напаѓачот како 31-годишниот Кол Томас Ален. Си-Би-Ес објави дека тој им признал на истражителите дека целта му биле луѓе во администрацијата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот