Садио Мане / Fédération Sénégalaise de Football

ВИДЕО: Mане ја доби битката со Салах и го одведе Сенегал во финале

Фудбалерите на Сенегал се првите финалисти на Африканскиот Куп на Нации каде што се пласираа по вечерашниот триумф над Египет од 1-0.

Првото полувреме не донесе премногу прилики на двете страни, изгледаше како и Сенегал и Египет повеќе да мислат како да не примат гол, отколку да нападнат кон противникот.
На пауза се замина со почетниот резултат.

Сликата не се промени премногу и во второто полувреме сепак, најголемата ѕвезда на Сенегал, Садио Мане посттигна гол на десетина минути пред крајот на натпреварот и така го одлучи победникот.

Овој натпревар беше и дуел на поранешнните соиграчи од Ливерпул, бидејќи токму Мане на „Енфилд“ ја делеше соблекувалната со Мохамед Салах кој сега со Египет го заврши натпреварувањето.

Сенегал во финалето ќе го чека подобриот од вечерашното второ полуфинале помеѓу Нигерија и Мароко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот