Грк проголтал јадици вечерајќи октопод/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Ручек кој ќе го платеше со живот: Јадејќи октопод, Грк проголтал три јадици

Грчки лекари му го спасија животот на 36-годишниот Никос Стамулас кој вчера попладне за време на ручек проголтал парче октопод во кој имало три јадици.

Хирурушкиот зафат траел околу еден час при што успешно се извадени трите јадици, објавија грчките медиуми.

Сè започнало во неделата попладне за време на ручекот во неговиот дом. Куките му останале во грлото што му го отежнало дишењето.

„Помодрев, не можев да дишам“, вели за агриниопред Никос Стамулис, главниот лик на оваа несекојдневна авантурата.

Дури и сам отишол во болница и по рендгенот лекарите не можеле да им веруваат на очите, исто како што и самиот не можел да поверува што му „седи“ во грлото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот