ВИДЕО | Роботи што играа српско оро го пречекаа Вучиќ во Кина
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, деновиве е во посета на Кина, при што беше и во иновативниот центар на компанијата „Минт фјучр фектори“ (Mint Future Factory) во градот Џиаксинг. Таму, заедно со домаќините, беше пречекан од роботи кои зборуваа на српски јазик, а потоа го заиграа Моравачкото оро.
Препорачано
Вучиќ ги сподели своите впечатоци од посетата на Инстаграм, каде прикажа делови од центарот и активностите што таму се случуваат.
View this post on Instagram
„Во импресивниот центар за иновации Минт, видовме како интелигенцијата ја гради иднината, а радоста го движи светот. Ни покажаа сè, од склопување роботи до нивните неверојатни примени во секојдневниот живот, индустријата и забавата. Кога ги видов роботите како го играат нашето оро Моравац, сфатив дека технологијата повеќе не е само прашање на наука и машини, туку и на разбирање на традицијата и духот на еден народ“, напиша тој.
Тој додаде личен коментар дека „тие танцуваат подобро од мене, што не е мал подвиг, но за прв пат успеав да најдам некој што може да се спореди со мојата упорност за работа“.
„Тие не бараат пауза, не се жалат на работното време и не бараат слободен викенд“, објави Вучиќ.
Тој пред три дена пристина во Пекинг, а, меѓу другото, во агендата му беше средба и со кинескиот колега Си Џинпинг. Вучиќ рече дека посетата дополнително ќе ги зајакне врските меѓу Србија и Кина и ќе „отвори ново поглавје на соработка што ќе остави длабока трага во годините пред нас“.


