ВИДЕО: Робот му скршил прст на момче на шаховски турнир во Москва

Инцидент на Отвореното првенство во Москва во шах/Фото: EPA/YUYA SHINO

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат.

Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми.

Ова го потврди и претседателот на Московската шаховска федерација Сергеј Лазарев за новинската агенција ТАС С по инцидентот кој се случи минатата недела.

Младиот шахист одлучил да ја заврши партијата, но неговите родители најавија тужба.

И од федерацијата велат дека треба да се вградат дополнителни безбедносни протоколи, иако овој робот игра шах 15 години, апсолутно е безбеден и дека ова е единствениот инцидент на кој се сеќаваат.

Видео на денот