Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Роби Вилијамс изненади 94-годишна обожавателка за Божиќ: „Апсолутно сум воодушевена“

Британскиот пејач и текстописец Роби Вилијамс ѝ го исполни сонот на 94-годишна жена – токму навреме за Божиќ.

Видео-снимката, обезбедена од Бејли-Стивен Гритам-Кларк, ја прикажува трогателната виртуелна средба и разговор помеѓу славниот музичар и 94-годишната Норма, која живее во дом за стари лица во Гримзби, Велика Британија. Средбата се случила во декември и брзо го освои вниманието на јавноста.

Гритам-Кларк за „Сторифул“ раскажа дека снимил видео во кое Норма зборува колку многу го сака Роби Вилијамс, го објавил на интернет и се надевал дека ќе стигне до него. Норма открила дека е негова обожавателка уште од деведесеттите години, кога тој беше дел од поп-групата „Тејк Дет“.

Во изјава за Би-би-си, Норма искрено признала: „Бев апсолутно воодушевена. Навистина бев изненадена. Вакво нешто никогаш претходно не ми се случило“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот