ВИДЕО: Ристовски со убав погодок го врати Динамо Загреб на победничките патеки во Хрватска

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

После гостинското реми против Славен Белупо, денеска во 21 коло од најсилното хрватско првенство составот на Динамо Загреб дома со 1:0 ја совлада Истра 1961.

Стрелец на единствениот гол беше македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски кој убаво стрелаше во мрежата на Мајкиќ по асистенцијата на Батурина.

За нашиот дефанзивец ова беше втор гол сезонава во шампионатот, првиот го имаше минатиот месец во победата над Локомотива Загреб (2:1).

Капитенот на „модрите“, Аријан Адеми, како и Ристовски, го одигра целиот натпревар на стадионот „Максимир“.

Триумфот можеше да биде и поголем доколку Дрмиќ реализираше од белата точка во 29 минута. Во второто полувреме два погодоци на домаќините преку Шпикиќ и Петковиќ беа поништени поради офсајд.

Тоа беше 15 победа за „модрите“ и прва позиција на табелата со 49 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Хајдук Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот