ВИДЕО | Ристовски: Беа измешани емоции, дали да плачеш, дали да се радуваш..!

Фото: EPA-EFE/GEOR

Македонската А репрезентација со победата во Тбилиси над Грузија (0:1) успеа да се пласира на своето прво Европско првенство кое ќе се одржи наредната година.

Нашиот одбранбен играч Стефан Ристовски говори за еден моментите кои сите ние ќе го паметиме цел живот..

– Бев заменет на пет минути до крајот (89`), знам дека судијата даде уште четири минути продолжение за игра. Седнав и реков, дали е ова реално уште четири минути нè делат од Европско. Кога свирна судијата, право истрчавме кај Горан. Таа прегратка кај него ја споделив прв и после славјето продолжи.

Имам некои црни точки на кои не се ни сеќавам, беа измешани емоции, дали да плачеш, дали да се радуваш. Јас сум тука од првиот ден, со селекторот Игор Ангеловски, и пред него, тука го имам допрено и дното и стигнав до Европско.

Навистина голем успех, во една кариера особено да си дел од неа, навистина сум горд и пред сè драго ми е за овие дечки, за Горан, за селекторот кој веруваше од прв ден. Навистина создаде една хемија, една верба во нас. Навистина го зборувам ова од срце, бидејќи поминувавме низ тешки моменти и Градскиот стадион беше константно празен. Знаете, делења од фамилија, патувања, вака од надвор како гледач многу лесно коментираш, но кога си внатре тука, навистина е тешко. Но, ете успевме. Јас мислам дека ќе бидам горд до крајот на животот и полно ми е срцето буквално, можам да кажам дека сум горд Македонец – се зборовите на Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот