ВИДЕО | Ријана и АСАП Роки се венчаа во новиот спот: Обожавателите тврдат е вистина!

Фото: Профимедиа

Ова дефинитивно беше година на Ријана – со своите труднички комбинации го избриша стереотипниот прототип на мајка и трудница, креираше уште посексапилна линија на долна облека, а Мет Гала ѝ оддаде почит со статуа во нејзиниот лик.

Сепак, неодамна во медиумите протекоа информации за прељубата на АСАП, па шпекулациите за нивно раскинување беа сè погласни. Славната двојка реши да му ја „затвори устата“ на целиот свет на својствен, оригинален и романтичен начин, па АСАП со новата песна не само што ги демантираше неверствата и раскинувањето, туку одлучи и да ја венча Ријана во песната.

Неверојатните кадри од видеото ја покажуваат нивната гето љубов преку папарацо снимки, интимни моменти и многу неверојатни моди (дознаваме и дека двојката ја дели истата облека, а преку текстовите ја запознаваме нивната врска од почетокот до денес.

Фото: Профимедиа

„Прво мислев дека не е ништо… лошите девојки само сакаат да се забавуваат…“,  ја започнува својата исповед АСАП Роки.

Во продолжение на песната раперот ја фали РиРи, истакнувајќи ја нејзината моќ, успех и големите банкарски сметки. Како што вели, во големата слава и парите, тој се изгубил себеси додека не ја пронашол неа „Тоа е твојата тешка љубов на која се обврзав“.

На крајот од спотот, АСАП се насмевнува, а на неговите златни заби стои натписот „Омажи се за мене“, додека Ријана одговара со насмевка која вели „Ќе се омажам“. Секако, за венчавлата РиРи отстапува од втемелените норми и носи црвена венчаница и вел.

Фото: Профимедиа

„Се вљубив во тебе
Се вљубив во тебе
Чекај, чекај (се вљубив во тебе)
Чекај, чекај (се вљубив во тебе)
Ангелу мој и Божицо моја, кога мојата глава ќе ми се замагли
Ти си моја сродна душа, моја божица (моја сродна душа)“

Да потсетиме, ова не е првпат Ријана и АСАП Роки да бидат заедно во музичко видео: тие првпат соработуваа во 2013 година на песна на „Fashion Kill“, но тогаш беа само најдобри пријатели. Во врска се неколку години и го очекуваат своето прво дете.

Во продолжение погледнете го новиот спот за песната D.M.B.

Смела и елегантна трудница: Бремената Ријана ја краси насловната на магазинот „Vogue“

ФОТО | Инфлуенсерот кој тврдеше дека Ријана раскинала со Асап Роки се извини: Немам оправдување

ФОТО | Инфлуенсерот кој тврдеше дека Ријана раскинала со Асап Роки се извини: Немам оправдување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот