ВИДЕО | Речиси цела Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети електричната мрежа

Аргентина во мрак / Фото: Luis ROBAYO / AFP / Profimedia

Повеќе од половина од Аргентина остана без струја откако пожар ја зафати националната електрична мрежа. Главниот град Буенос Аирес, другите поголеми градови и голем дел од селата се целосно или делумно погодени, пренесува „Би-Би-Си“.

Пожарот, наводно, започнал на отворени полиња, зафатувајќи ги клучните далноводи во крајбрежната зона и исклучувајќи ја нуклеарната централа. Мракот во оваа држава доаѓа среде топлотен бран и суша кои ја мачат Аргентина. Со оглед на тоа што јужноамериканската нација сè уште е во летните месеци, температурите постојано се над 35 Целзиусови степени во некои делови од земјата.

Тешките услови заедно со прекинот на електричната енергија го запреа секојдневниот живот во некои региони, со прекин на наставата и затворени деловни активности. Многумина, исто така, мора да останат без климатизација или ладење.

Најголемите градови се најпогодени, а околу 150.000 луѓе сè уште немаат струја во метрополитенската област Буенос Аирес. Министерството за енергетика соопшти дека е уверено дека наскоро ќе се врати струјата.

Прекините на струја не се невообичаени во земјата. Во 2019 година, голем електричен дефект остави десетици милиони луѓе во мрак во Аргентина, како и во соседен Уругвај. И во 2020 година, стотици илјади домови беа паднати во темнина во Буенос Аирес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот