ВИДЕО | Реакција за почит: Лавица го спаси чуварот кој го нападна лав во зоолошката градина

Фото: Принтскрин/Јутјуб

На Редит неодамна повторно започна да се шири видеото од зоолошката градина во Лас Вегас од 2010 година, кога еден од чуварите беше нападнат од лав.

Во кафезот беа лавот, лавицата и двајца чувари, а младиот чувар, како што пишува на Редит, „погрешил кога го погледнал лавот во очи“, За среќа, човекот го спаси лавицата.

Откако лавот му се нафрли на чуварот, другиот чувар веднаш пријде да помогне. Меѓутоа, на општо изненадување, на лавот веднаш му се нафрли и лавицата, и изгледаше како да се обидува да го запре во нападот на човекот.

Кога младиот чувар се тргна, лавот се уште се обидуваше да го зграби, а лавицата го следеше во чекор, како да сакаше да му порача дека треба да се смири малку.

Видео на денот