Фото: Јутјуб / Ројтерс / скриншот

ВИДЕО: Раниот мраз пресече стотици сибирски срни, ги спасуваа една по една

Околу 300 срни и елени се спасени во рускиот регион Новосибирск, откако раниот студ и прераната зимска миграција ги затекнала на целосно замрзнати езера, каде животните не можеле ниту да се исправат, ниту да се движат по лизгавиот мраз, пренесе „Еуроњуз“.

Наместо да продолжат кон шумските подрачја, срните останале заглавени на голите ледени површини, лизгајќи се и беспомошно лежeјќи со часови.

Прво помогнале локалните рибари, кои лично извлекле десетици заглавени животни и го снимале драматичниот спасувачки напор. На снимките се гледаат луѓе како внимателно ги носат исплашените срни по мразот, обидувајќи се да ги оддалечат од опасните површини додека животните се обидуваат да се исправат.

Министерството за природни ресурси соопшти дека „голем дел од животните преживеале“, иако дел од нив биле пронајдени мртви пред да пристигне помошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот