ВИДЕО | Ракетата на НАСА ги испрати првите снимки од патувањето до Месечината

Фото Твитер

Ракетaта на НАСА е на пат кон Месечината по лансирањето во средата, 50 години од последната мисија „Аполо“.

Ракетата од најновата генерација како дел од мисијата „Артемис“ би требало да помине 25 дена во вселената носејќи ја капсулата „Орион“ без екипаж, а доколку се биде безбедно, планирано е да има луѓе на бродот во едно од следните лансирања. Капсулата моментално содржи кукли наречени Хелга и Зохар.

Не долго по лансирањето, „Орион“ ги испрати на Земјата првите со нетрпение очекувани слики од камерите прикачени на краевите на неговите соларни крила долги седум метри, објави Спејс.ком.

НАСА сподели три слики од Орион. Првите слики, со релативно мала резолуција, покажуваат делови од леталото.

Орион ќе се врати на Земјата на 11 декември и ќе слета во Тихиот Океан во близина на брегот на Калифорнија.

Мисијата „Артемис 1“: Биглот Снупи, овцата Шон и тројца пластични астронаути трасираат пат за лет до Месечината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот