ВИДЕО | Рајан Рејнолдс искрено проговори за сексуалниот живот со Блејк Лајвли: Актерот се појави кај Џими Фалон непоканет

рајан рејнолдс блејк лајвли
Фото: Принтскрин / Instagram

Рајан Рејнолдс приреди низа изненадувања минатата вечер – откако неочекувано се појави на шоуто „The Late Show“ на Џими Фалон иако не беше тој оној кој беше поканет туку Вил Фарел, погрешно раскажуваше за филмот во кој глуми Вил со најсекси мажот за оваа година, но и упадна со разоткривање интимни детали за сексуалниот живот со Блејк Лајвли!

Појавувајќи се со неговиот автентичен хумор и спонтаност, Рејнолдс вметна и разоткри детали за сексуалниот живот кој го имаат со Блејк Лајвли, иако Џими Фелон единствено се обидуваше да биде фин и да праша како се неговите домашни.

„Како е Блејк? Како се децата?“

„Па знаеш, тие се сите добри. Блејк – без лични прашања инаку. Но Блејк е супер. Сексот е сосема нормален“, изненади Рајан со насоката во која одговори на прашањето.

Иако Џими зачудено му напомена дека воопшто немал намера да го праша тоа, Рајан продолжи со одговорот во хумористично асиметрични зборови.

„Хеј, хеј, хеј! Стисни на кочницата за сексот, Џими. Побарав да нема лични прашања, а ти одиш директно на тоа, во ред? Барбара Волтерс, полека“, продолжи Рејнолдс.

рајан рејнолдс џими фалон
Фото: Рајан Рејнолдс и Џими Фалон / Извор: Принтскрин / YouTube

Рејнолдс, како носител на титулата за најсекси маж на насловната на „People“ за 2010 година, си дозволи да коментира и за најновиот избраник за оваа година, Пол Рад, споделувајќи неверојатно позитивни коментари.

„Да! Пол Рад! Искрено сум среќен за Пол, тој е веројатно најфиниот човек во шоубизнис, старее назадно заради неговиот договор со Сатаната, или можеби затоа што пие само мајчино млеко од син кит или нешто… Тој прави нешто чудно. И јас сум за, сакам од тоа што тој го прави. Бенџамин Батон на овој живот“, искоментира Рајан за Пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Актерот целосно се стави во улогата на Вил Фарел, па додека говореше за филмот на пријателот не сакаше да одговори на прашањата за неговиот претстоен филм „Red Notice“, кој ќе ја има својата премиера овој месец и покрај што ќе му донесе милионска заработка, важи за најскапиот филм на сите времиња на Нетфликс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Рајан проговори и малку поискрено за неговиот 10-годишен брак со Блејк Лајвли и зошто тој функционира за „Entertainment Tonight“ оваа недела, велејќи дека тоа е заради нивното пријателство.

„Ние не се сфаќаме премногу сериозно еден со друг, но ние сме и пријатели. Да се заљубиш е одлично, но дали си се допаѓате еден на друг? Тоа е прашањето кое мора да си го поставите себеси, знаете, кога ќе навлезете во тоа. Ние отсекогаш си се допаѓавме еден со друг. Растеме заедно. Учиме еден од друг. Па да, среќен сум што имам такво пријателче“, отворено зборуваше Рајан за својата сопруга Блејк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се во брак од 2012 година, имаат три ќерки, и важат за еден од најискрените, најзаљубените и најзабавните двојки во Холивуд кои не пропуштаат прилика да прозборуваат романтично или да се пошегуваат еден за друг. Интересна е и приказната за нивното заљубување и фактот дека нивниот прв состанок бил двоен состанок на кој биле со други личности, но тоа било заедничка хемија меѓу нив која не можела да се избегне. Љубов која сите ја посакуваат, а сега знаеме и зошто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот