Ќе биде тоа најскапиот филм на сите времиња – Рајан Рејнолдс, Гал Гадот и Двејн Џонсон ќе заработат огромни милионски суми!

рајан рејнолдс гал гадот двејн џонсон
Фото: Принтскрин / Instagram

Двејн „The Rock“ Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс се големите ѕвезди на најновиот филм на Нетфликс „Red Notice“, кој ќе започне со стриминг на 12 ноември. И како што се приближува денот на премиерното пуштање на сервисот, дознаваме колкави се „платите“ на актерите кои важат за едни од најактуелните и најзгодни во моментот.

Познато е и воопшто не е необично да се спомнуваат вртоглаво високи милионски суми кога се зборува за холивудските филмови. Но, сега е и познато дека филмот „Red Notice“ ќе достигне толку висока сума, што го прави најскапиот филм на сите времиња на Нетфликс.

Иако беше споменато дека филмот чинел околу 160 милиони долари, се верува дека таа бројка ќе се искачи на околу 200 милиони по неговото излегување.

Рајан Рејнолдс за неговата глума во овој филм ќе добие  плата од 20 милиони долари.

Гал Гадот, која иако има помала улога од Рејнолдс, исто така договорила плата од 20 милиони долари.

Двејн Џонсон пак, ја има и улогата на продуцент на филмот, па оваа цифра ќе се искачи на повеќе милиони од неговите пријатели актери. Се претпоставува дека тоа може да значи и 50 милиони долари, што е платата која ја добил за неговото ново филмско остварување „Red One“. Џонсон неодамна изјави и дека го направил најголемото обврзување до сега со овој филм.

И тоа не е сè – познато е дека Нетфликс има практика да доплатува дополнителни пари за исполнување и завршување на договорено остварување, па овие суми може уште повеќе да пораснат.

„Red Notice“ оригинално беше поставен од „Universal Pictures“, но овој месец овој проект беше понуден на други студија. Шансата да се има филм во кој глумат три од најзгодните холивудски ѕвезди ја искористи Нетфликс, по битка со Дизни, „HBO“ и „Paramount“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix US (@netflix)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот