ФОТО/ Рајан Рејнолдс ужива во семејната идила: Пресреќен е како татко на три девојчиња

EPA/MIKE NELSON

Популарниот актер со сопругата Блејк Лајвли има три прекрасни ќерки, Џејмс, Инес и Бети, и иако никогаш не се надевал дека ќе биде опкружен само со женски деца, денес тврди дека е пресреќен и тоа не би го менувал за ништо на светот.

– Сакам да бидам татко на моите девојчиња. Имам три ќерки, а всушност никогаш во милион години не би рекол дека тоа ме чека. Доаѓам од семејство каде сите деца беа машки. Имам тројца постари браќа. Засега за мене да бидам татко на девојчиња е прекрасно искуство и едноставно уживам во тоа – вели Рејнолдс.

Profimedia

Холивудскиот заводник, кој е во брак со една од најзгодните актерки, Блејк Лајвли, открива која е тајната на складниот семеен живот што го води. Покрај тоа се обиде да објасни што значи да се биде добар татко.

Најважно е да се биде присутен. Се обидувам ништо да не пропуштам. Со Блејк никогаш не сме разделени кога одиме да снимаме филмови, секогаш заедно патуваме на секоја локација каде што се одвива снимањето. Мислам дека тоа е клучен момент. Заедно сме колку што можеме, си помагаме еден на друг и едноставно уживаме. Многу сум тажен кога сум разделен од моите девојки – изјави 44-годишникот.

EPA/MIKE NELSON

Со убавата Блејк, Рејнолдс е во брак од 2012 година и заедно ги имаат петгодишната Џејмс, четиригодишната Инес и едногодишната Бети.

Ѕвездата на филмот „Дедпул“ потоа откри дека не му пречи да прави женски работи и да си игра со женските играчки на неговите девојчиња.

EPA/MIKE NELSON

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот