ФОТО | Блејк Лајвли лансираше уникатни вкусови на безалкохолни пијалаци: Името на брендот крие емотивна посвета

Блејк Лајвли
Фото: Instagram

Блејк Лајвли тукушто го лансираше нејзиниот нов бренд на освежителни, безалкохолен микс „Betty Buzz“, зад чие име се крие емотивна посвета на еден близок член на нејзиното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Buzz (@bettybuzz)

Новите пијалаци, дело на 34-годишната актерка се со ниска количина на калории, создадени од само чисти намирници.

„Јас не пијам. Знам дека тоа е чудно да се слушне од жената на озлогласен џин слингер“, изјави Блејк шегувајќи се за брендот „Aviation Gin“ на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, што всушност е совршен за спарување со новиот миксер.

 

Познатата актерка објасни дека во последните години на креирање, но и неконзумирање на коктели ѝ станало јасно дека „миксерите“ се неопеани херои на светот на пијалакот и заслужуваат подеднаква љубов како и алкохолот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betty Buzz (@bettybuzz)


„Betty Buzz“ бил развиван три години и конечно ќе биде презентиран и достапен за вкусување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

 

Интересен е фактот дека името е всушност посветено на нејзиниот татко.

„Името на мојот татко беше Ернест Браун Јуниор, но тој беше познат како Ернест Лајвли. Тој се откажа од неговото презиме кога се ожени за мојата мајка и секој успех кој тој, или јас, сме го искусиле во животот е под име кое не е негово. Па така кога јас работев напорно да ја изградам оваа компанија, сакав секој успех да биде под име кое е од значење за него. Бети е името на неговата мајка и неговата сестра. Исто така, Ерни не би било најдобро име за миксер“, објасни Блејк.

Меѓу другото, Бети е и името на најмалата ќерка на Блејк со актерот Рајан Рејнолдс, со кој има три деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


Вториот збор од името, „Buzz“, кој всушност асоцира на ефектот на занесеност кој го прави алкохолот, е забавна додавка на името на овој миксер со цел да се додаде елемент на забава. Вкусовите и меурчињата кои ги содржи во себе носат поеднаков „buzz“ на радост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)


Миксерот ќе биде достапен во пет вкусови, а едно шише е доволно за два коктели кога се меша со
алкохолен пијалак. Сите варијанти на вкусови се создадени со вистински сокови и природни вкусови, се безглутенски и не се ГМО, и во себе не содржат вештачки бои или засладувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот