ВИДЕО: Прво место за Трајковски во скок во далечина на меѓународниот атлетиски митинг во Архус

фото: facebook.com/akrabotnicki

Прво место за Андреас Трајковски во скок во далечина на меѓународниот атлетски митинг во Архус, Данска, информира АК Работнички.

Со резултат од 7,52 метри Трајковски беше првопласиран на митингот во Архус кој е дел од серијата бронзени митинзи под капата на Светска Атлетика.

Овoj резултат е за 13 сантиметри послаб од македонскиот рекорд во сала, кој нашиот натпреварувач го постави минатата година на Балканијадата во Истанбул (Турција), каде освои бронзен медал за Македонија.

Ова беше прв негов натпревар оваа сезона во скок во далечина во сала. Веќе во сабота (28 јануари) Андреас ќе настапи на атлетски митинг во Манчестер, Велика Британија.

Во изминатиот период настапи и на трка на 60 метри на атлетискиот митинг во данскиот Рандерс каде исто така го освои првото место во финалето со 6,94 секунди, што е само пет стотинки послаб резултат од неговиот личен рекорд поставен во 2020 година. Претходно во квалификациите забележа резултат од 6,98 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот