ВИДЕО | Протече стара снимка од Вил Смит: Џејда го малтретира, тој изгледа вознемирено

Фото: Профимедиа/Инстаграм

По скандалот на доделувањето на Оскарите, кога Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, повторно се појави стара снимка од славниот актер како ја моли сопругата Џејда Пинкет Смит да престане да ја изнесува во јавноста нивната брачна драма.


Клипот, кој трае помалку од една минута, настанал на Инстаграм во живо во 2019 година, а во него Џејда се обидува да го убеди својот сопруг да одговори на прашањата за нивниот проблематичен однос. Очигледно е дека на Вил му е непријатно додека таа го испрашува за „редефинирање“ на нивниот брак, сè со цел да го зголеми бројот на гледачи на своето ток-шоу „Red Table Talk“.

– Дали знаеш дека Естер Перел доаѓа на „Црвената маса“? Дали би рекол дека таа беше клучна во тоа јас и ти да го редефинираме нашиот однос? – го прашува Џејда, а кога сфатил дека видеото се емитува во живо, Вил одговорил: „Реков да не ме снимаш без прашање“.

Сопругата го игнорирала и ја свртела камерата кон себе: „Сè уште се справувам со глупости“.

„Дали би рекол дека таа ни помогна да ја излекуваме болката што си ја нанесовме еден на друг?“, продолжува Џејда Пинкет Смит, а целото видео изгледа малку бизарно и јасно покажува дека Вил Смит се воздржува да каже што навистина мисли.

– Не можеш само да ме користиш за социјалните мрежи. Немој само да почнеш да снимаш. Јас стојам во својата куќа. Немој да снимаш – одговара Вил Смит.

„Ве молам, гледајте ја Естер на „Црвената маса“ бидејќи нам многу ни помогна. Зарем не гледате?“, заклучува Џејда.

Корисниците на Редит коментираат дека на видеото е очигледно колку на Смит му е непријатно.

„Изгледа многу вознемирено, како да знае дека Џејда се обидува да го испровоцира и се плаши како тоа ќе помине“, напишал еден корисник на Редит.

Друг додал: „Изгледа скршено. Поминав низ фази од тоа да го сакам, па го мразев, а сега ми е жал за него, и сето тоа за само една недела“.

Некои заклучиле и дека Џејда „нималку не го почитува и дека го злоставува“ својот сопруг.

Што сѐ се случувало во бракот на Вил Смит: Старо видео покажува како Џејда му признала на Вил со кого го изневерила

Нов удар за Вил Смит: Поранешниот љубовник на Џејда се осврна на аферата во новата песна

Инцидентот на Оскарите ќе го удри по џеб: Колку е богат Вил Смит?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот