ВИДЕО | Професионалните готвачи ги додаваат овие три состојки во спанаќот

Profimedia
Фото: Профимедиа

Спанаќот можете да го подготвите на безброј начини, како свеж во салата, како прилог, за полнење канелони… Овој практичен и евтин зеленчук е омилен на сите генерации, а не постои домаќинка која барем еднаш не го подготвила. Овде нема наука, на секого му успева, но ако сакате да го подобрите неговиот вкус, тогаш додадете 3 тајни состојки кои ги препорачуваат професионалните готвачи. Спанаќот ќе биде покремаст и поароматичен, ако го измешате во сос од павлака за готвење кој сте го збогатиле со рендана кора од лимон, морско оревче и пармезан.

Состојки:

– 1 килограм спанаќ
– 2 лажички маслиново масло

За сосот:

– 1 лажица путер
– 2 лажици рендан кромид
– малку лута мелена пиперка
– прстофат морско оревче
– 1 лажичка рендана кора од лимон
– 3/4 шолја павлака за готвење
– 2 лажици пармезан

Подготовка:

Ставете ги маслиновото масло и спанаќот во длабоко тенџере, па динстајте минута или две, па потоа измешајте. Кога ќе се свари спанаќот, процедете го и ставете го на крпа добро да се исцеди. Растопете го путерот, па пропржете го ренданиот кромид. Посолете, бибер, посипете со мелена пиперка, морско оревче и изрендана кора од лимон. Сипете ја павлката за готвење, промешајте и кога ќе зоврие додадете го сечканиот спанаќ. Добро измешајте и посипете со пармезанот. Оставете на ринглата уште 2 минути, па послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот