ВИДЕО | Претприемач ја изеде виралната банана што ја купи за 6,2 милиони долари на аукција
Пред неколку дена на аукција во Њујорк беше продадена банана залепена за ѕид со изолир лента за 6,2 милиони долари, а купувач беше Џастин Сан. Освен што купил банана и селотејп, добил и сертификат за автентичност и упатство за замена на овошјето кога на крајот ќе изгние.
Меѓутоа, тој тогаш најавил дека ќе ја изеде бананата пред да изгние, па тоа и го направил. Тој објасни дека тоа е неговиот метод за „почитување на неговото место во историјата на уметноста и популарната култура“, пишува „Њујорк пост“.
Сан го исполни своето ветување на 29 ноември во хотелот „Peninsula“, еден од најлуксузните хотели во Хонг Конг. Тој одржа говор пред новинари и инфлуенсери, илустрирајќи ги паралелите помеѓу концептуалната уметност и криптовалутата. Како спомен од настанот, секој учесник доби ролна селотејп и банана.
Јадејќи ја бананата рече дека е „подобра од другите“.
„Јадењето банана на прес-конференција, исто така, може да стане дел од историјата на уметноста“, рече тој.
View this post on Instagram
За потсетување, бананата залепена за ѕидот со изолир лента е концептуално уметничко дело наречено „Комичар“. Стана вирална сензација откако италијанскиот уметник Маурицио Кателан го претстави во 2019 година. Посетителите се обидоа да откријат дали парчето овошје залепено на белиот ѕид е шега или духовит коментар за сомнителните стандарди на колекционерите на уметнички дела.
Аукциската куќа „Сотби“ објасни како делото брзо стана глобална вирална сензација која привлече рекордна посетеност, ги преплави социјалните мрежи, се појави на насловната страница на Њујорк пост и ги подели публиката и критичарите.