ВИДЕО | Премиерно прикажан трејлерот за продолжението на „Си било еднаш во Холивуд“ со Бред Пит во главната улога
Меѓу бројните реклами на синоќешниот Супер Боул, особено внимание привлече трејлерот за новиот филм на Дејвид Финчер, „The Adventures of Cliff Booth“. Филмот претставува продолжение на остварувањето на Квентин Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“, кое на Бред Пит му донесе Оскар за најдобра споредна машка улога.
Препорачано
Новото остварување се очекува во кината ова лето, а најавено е и дека наскоро ќе пристигне на Нетфликс. Иако претходно не беше објавен официјален трејлер, краткиот исечок прикажан за време на Супер Боул целосно ја изненади публиката.
„Немам многу таленти, но знам дека не смеам да застанам на патот на добра приказна“, изјави Бред Пит на почетокот од трејлерот.
The first trailer for David Fincher’s ‘THE ADVENTURES OF CLIFF BOOTH’ has been released.
Coming soon to Netflix. pic.twitter.com/E70SJrBUzB
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) February 9, 2026
Интересно е што најавата заврши без официјален наслов на филмот, што остава простор дека името би можело да се промени пред премиерата во кината.
Покрај Пит, во актерската екипа се и Тимоти Олифант, Скот Кан, Карла Гуџино, Холт Мекалани и Питер Велер. Снимањето траеше во текот на минатата година, а дејството е сместено осум години по настаните од оригиналниот филм, односно во 1977 година.
Филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ освои бројни награди, а според првичните очекувања, и продолжението „The Adventures of Cliff Booth“ би можело да тргне по истиот успешен пат.


