ВИДЕО: Пред точно 32 години Панчев и Најдоски станаа светски шампиони со Црвена звезда

Црвена звезда е единствениот клуб од Источна Европа кој станал светски клупски шампион/ фото: ФК Црвена звезда

Фудбалерите на Црвена звезда на денешен ден пред точно 32 години, на 8 декември 1991 во Токио, Јапонија, го совладаа чилеанскиот клуб Коло Коло и станаа светски шампиони.

Црвена звезда во редови настапуваа македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски како првак на Европа се бореше за тогашниот трофеј на Интерконтиненталниот куп против шампионот на Јужна Америка и освојувач на „Копа Либертадорес“.

Двоен стрелец во победата беше Владимир Југовиќ кој првиот гол го реализираше во 21 минута по асистенцијата на Дејан Савичевиќ.

Иако од 43 минута белградските „црвено-бели“ беа со играч помалку, поради црвениот картон на Савичевиќ, во 58 минута успеаја преку Југовиќ да ја зголемат предноста на 2:0.

Конечниот епилог го постави Панчев во 71 минута откако му асистираше Синиша Михајловиќ.

Црвена звезда играше во следниот состав: Милојевиќ, Радиновиќ, Белодедиќ, Најдоски, Василијевиќ, Ратковиќ, Михајловиќ, Стошиќ, Савичевиќ, Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот