ВИДЕО: Пред 30 години го шокираше светот, сега сака реванш со Тајсон!

фото: твитер

Сензационалниот поранешен шампион во бокс во тешка категорија Џејмс Бастер Даглас (50), чиј нокдаун против тогашниот светски шампион Мајк Тајсон во Токио во 1990 година се смета за еден од најшокантните спортски настани досега, сака уште еднаш да се сретне со „Железниот Мајк“ во рингот.

Даглас го коментираше ова по мечот помеѓу Тајсон и Рој Џонс јуниор, кој се одржа минатата сабота.

– Секако дека би прифатил таква можност. Јас сум борец толку многу години, борејќи се за вредни награди и се чувствувам навистина добро и сега. Сите имаме чувство дека имаме уште една борба за крај – рече изјави Даглас за „USA Today“ на прашањето дали би сакал реванш по 30 години со Тајсон, кој во саботата истакна дека сака да продолжи да се бори.

Воедно се шпекулира овие денови дека Тајсон би можел повторно да ги одмери силите со неговиот голем ривал Ивандер Холифилд.

– Моите агенти се обидоа да договорат меч со Мајк, но добивме само изговори. Ни се чини дека сакаше еден пробен меч пред да ги почне подготовките за борба против мене – се зборовите на Холифилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот